За чист воздух

Петиција против загадувањето на воздухот во Република Македонија

Потпиши се!

За петицијата

Петицијата ќе биде доставена до:
Владата на Република Македонија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Сите релевантни фактори во Република Македонија

Оваа петиција е одговор на Вашиот игнорантски став кон воздухот кој го дишеме ние граѓаните на Република Македонија. Вашите приоритети не треба да бидат политичките кампањи и начинот на кој треба да дојдете на власт. Ако нѐ нема нас граѓаните ја губите и поддршката во сите сфери од Вашето функционирање.

Состојбата со нечистиот воздух во главниот град, од ден на ден станува сѐ поалармантна, всушност веќе го достигна врвот на неодложување на овој проблем. Секој ден сме сведоци на сѐ поголем број болни деца од респираторни болести. Смртните случаи не се исклучок, за жал. Но градските власти како да имаат поголеми приоритети од тоа да им обезбедат здрав живот на своите сограѓани и на нивните деца.

Ве молиме преземете ги потребните мерки додека не е доцна. Секоја минута е важна!

„Македонија сака чист воздух“

Писмо


Почитувани,

Оваа петиција е одговор на Вашиот игнорантски став кон воздухот кој го дишеме ние граѓаните на Република Македонија. Вашите приоритети не треба да бидат политичките кампањи и начинот на кој треба да дојдете на власт. Ако нѐ нема нас граѓаните ја губите и поддршката во сите сфери од Вашето функционирање.

Состојбата со нечистиот воздух во нашата држава, од ден на ден станува сѐ поалармантна, всушност веќе го достигна врвот на неодложување на овој проблем. Секој ден сме сведоци на сѐ поголем број болни деца од респираторни болести. Смртните случаи не се исклучок, за жал. Но властите како да имаат поголеми приоритети од тоа да им обезбедат здрав живот на своите сограѓани и на нивните деца.

Постојаноста на сериозното загадување на воздухот и отворените јавни повици да се преземе нешто не вроди со плод. Затоа ние граѓаните, ние кои си го сакаме животот и сакаме да дишеме чист воздух, ја создадовме оваа петиција како последна шанса за нас и за нашите деца, со цел да ја извојуваме институционалната битка за почист воздух, да создадеме поквалитетен живот и да ја намалиме смртноста од аерозагадувањето.

Апелираме до Владата, да се откријат деталите за причините за загадувањето, со констатација дека Министерството за животна средина и просторно планирање сеуште нема излезено со веродостојни податоци околу причинителите на аерозагадувањето. Без овие информации ветувањата од страна на властите дека проблемот ќе биде решен најверојатно нема да ја доживеат својата реализација.

Ве молиме преземете ги потребните мерки додека не е доцна. Секоја минута е важна!

Со почит,
Македонија сака чист воздух.

Споделете ја петицијата